Ќе се оди ли некаде на одмор ова лето – Охрид, Грција и Италија изборот на повеќето штипјани

Ќе се отиде ли некаде на одмор ова лето или истиот ќе се користи за уредување и чистење на домовите? Анкетираните граѓани во Штип се со поделени мислења. Едни велат дека месечните примања не се доволни за да се замине некаде, додека други додаваат оти може да си дозволат скромно патување на некоја дестинација. И едните и другите едногласни, дека летниот одмор е неопходен, но ретко некој си го дозволува. изјава

,,Тешко да се отиде на одмор“, велат анкетираните

Кога е во прашање минатото, анкетираните граѓаните додаваат оти имале повеќе можности да отидат некаде, да уживаат без да се ограничуваат. Тврдат дека дури и кејот на реката Брегалница ги правел среќни, па многу често финасиите ги заштедувале, одејки да пливаат во реката и да се сончаат на тогаш ситниот и чист песок.

И додека летните одмори веќе се во полн ек, сепак финансиите се клучниот фактор за да се направи план за одмор. Дали подаелку или на некоја блиска дестинација, граѓаните децидни дека барем помладите заслужуваат да уживаат.

Иван Митев, М-Нет