Штип – Ограбен верски објект

На 08.09.2020 во 09.00 часот во Полициската станица Штип било пријавено дека на ул.„Ленинова“ во Штип ноќта на 07/08.09.2020 непознат сторител со употреба на сила влегол во верски објект, сопственост на исламската верска заедница и одзел пари.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.