Дебитантот Камјани претстави ново засилување за предизвиците во Втора лига

Екипата на Камјани која ќе биде дебитант во Втората македонска фудбалска лига промовираше ново засилување, со што тимот ќе влезе значително засилен во сезона во која ќе цели кон што повисок пласман на табелата.

Ново име во редовите на дебитантот Камјани е Арбин Курти, се работи за фудбалер кој има настапувано за младинските категории на Вардар и Работнички, беше дел од тетовска Шкендија, а настапи и за У-21 екипите на Билис од Албанија и Гнилане од Косово.

Претходно, Камјани се засили со искусните Арсим Љамалари и Љупчо Трпески, како и Амин Шаќири, Арџент Зибери, Албион Муслиу, Бујар Абази и Индрит Шакири.

Екипат на Камјани минатата сезона стана шампион во Трета лига – Запад, а потоа во бараж меч со 2:0 ја доби Победа Валандово во Штип и обезбеди историски влез во Втората македонска фудбалска лига.

Александар Ванев, М-Нет