
Ракометните суперлигаши продолжуваат со екипирање за новата сезона, Тиквеш ги претстави првите две летни засилувања, се работи за Тоше Ончев и Мохамед Азиз Бен Махфуд.
Ончев во Тиквеш доаѓа од редовите на Куманово, а зад себе искусниот среден бек има настапи во Вардар, Охрид, Голден Арт, Фруитленд Борец, а во меѓународна кариера градеше во Франција настапувајќи за Вернолиет и Вермон, потоа за словенечки Тримо Требње, грчка Феакаш и шпански Валинокс Новакс.
Тунискиот интернационалец Мохамед Азиз Бен Махфуд во Кавадарци пристигна од Еурофарм Пелистер 2, се работи за 29-годишен лев бек, кој беше еден од најдобрите играчи во битолскиот тим, но и во суперлигата и се очекува да биде вистинско освежување на тимот.
Охрид го претстави седмото засилување за новата сезона, се работи за средниот бек Мартин Ивановски, кој стави потпис на едногодишен договор, со можност истиот да биде продолжен. Низ неговата кариера беше дел од Алкалоид и Еурофарм Пелистер 2, а стана дел од сениорската репрезентација на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет