Димитар Митревски е нов претседател на второлигашот Пелистер од Битола

Денес и официјално беше назначен Димитар Митревски за нов претседател на ФК Пелистер, откако претходното раководство си поднесе оставка по испаѓањето на Пелистер од Прва во Втора лига.

По оставката на раководството на клубот и стручниот штаб, акционерот односно општина Битола го избра новиот претседател, Митревски доаѓа на местото на Александар Стефановски.

38-годишниот Митревски зад себе има успешни проекти во сферата на маркетингот и спортот, а во јавноста е познат по раководењето на РК Еурофарм Работнички и РК Еурофарм Пелистер.

Како што се посочува во соопштението Митревски веднаш ќе започне со работа и наскоро ќе го објави и планот за работа и ќе го избере новиот шеф на стручниот штаб, а со тоа ќе биде познато и кога Пелистер ќе ги започне подготовките и ќе биде официјалициран планот за подготовки за новата сезона, во која Пелистер ќе атакува на експресно враќање во Прва лига.

Инаку, Пелистер загуби во баражот од Шкендија Арачиново и се пресели во Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет