Делови од општините Центар и Карпош денеска без вода

Од ЈКП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат:

· Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа од ф-400мм на Ф200мм на улица Мирослав Крлежа бб, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од Мирослав Крлежа потегод од Булевар Партизански Одреди до улица Орце Николов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.

· Поради уличен дефект од ф 100мм на улица Прашка бр.50 со прекинато водоснабдување ќе бидат улица Прашка, Дамска дел од Букурешка, Гимназија и ОУ.Нова, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот.

Текстот Делови од општините Центар и Карпош денеска без вода е превземен од МАКФАКС.