
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се подготвува за своето деби на Вимблдон, а за противник ја доби Аманда Анисимова.
Ѓорческа имаше одлични натпревари во квалификациите, кои ги доби и стана првата македонската тенисерка која ќе заигра на Вимблдон.
Ѓорческа во првото коло ќе се соочи со Анисимова од САД, која лани беше финалистка на Вимблдон, а годинава е рангирана како шеста носителка.
„Квалификациите минаа одлично. Отсекогаш знаев и верував дека сум близу, а треба и да се поклопат коцките за да биде совршено. Секој меч беше тежок, сите што учествуваат се меѓу 200. најдобри на светот во еден од најмасовните спортови и затоа нема лесен дуел. Сепак, би го издвоила вториот меч (против Франциска Жорге). Последниот меч го одиграв одлично, загубив три гема и навистина сум среќна, пред сè со тоа како се носев за време на мечот. За мојата противничка нема што многу да се каже, квалитетна и комплетна тенисерка, мојата единствена цел е да го одиграм своето. Мечот ќе се игра во вторник (утре). Знаете таа е ланска финалистка и шеста носителка и затоа мечот е на еден од „главните терени“. Се надевам дека ќе биде интересен, гледајте и навивајте од дома“, изјави Ѓорческа.
Мечот меѓу Ѓорческа и Анисимова е закажан за утре (вторник) во 12 часот.
Александар Ванев, М-Нет