
Почна изградбата на новата пешачка патека меѓу селата Таринци и Карбинци во Општина Карбинци. Патеката, долга 1,5 километри, ќе овозможи побезбедно движење на пешаците меѓу двете населени места. Освен за секојдневно пешачење, таа ќе служи и како простор за рекреација. Карбинскиот градоначалник Виктор Паунов, вели дека проектот е еден од позначајните што општината ги реализира годинава. Очекувањата рече, се подобри услови за движење и безбедност на граѓаните.
,,Се работи за изградба на нова пешачка зона или пешачка патека, едно поврзување помеѓу двете населени места од селото Таринци до селото Карбинци. Се работи за патека, која што ќе се протега помеѓу овие две населени места во должина 1,5 километри, со ширина од два метри, а ќе биде изработена од асфалтна маса. Овој проект е еден од поважните за оваа година, затоа што поврзувањето помеѓу овие две населени места ќе значи продолжение со една ваква зона за рекреација, зона за пешаци. Најпрво од безбедносен карактер, затоа што жителите и сите оние кои што ќе сакаат да рекреираат , но и да се движат помегу овие две население места, ќе можат да го направат по оваа патека, на еден безбеден начин.“, вели Паунов
Со претходно изградената пешачка патека од Долни Балван до Таринци и новата што се гради меѓу Таринци и Карбинци, жителите ќе добијат вкупно околу 3,5 километри безбеден простор за пешачење и рекреација, потенцираше градоначалникот Паунов.
,,Имено вие километар и пол и оние два од с.Долни Балван до Таринци ќе значат околу 3 ипол километри можност за пешаците да се движат безбедно и во текот на вечерните часови. Овој проект ќе се еализира со поддршка на министерството за локална самоуправа, каде што учествуваат со финански средства од 4,5 милиони денари, а остатокот до 6 ипол милиони денари е учество, односно кофинансирање од сопствениот буџет на Општина Карбинци и очекувам реално во периодов во текот а летниот период, да успееме целосно да биде завршен овој проект.“; подвлече Паунов
Изградбата на пешачката патека се очекува да заврши во текот на летото. Од Општина Карбинци очекуваат со реализацијата на проектот значително да се подобрат безбедноста на пешаците и условите за рекреација меѓу Таринци и Карбинци.
Иван Митев, М-Нет