Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја повикало на разговор бугарската амбасада во Скопје и побарало објаснување за објавувањето на дипломатска нота поврзана со приватно патување на членовите на семејството на премиерот Христијан Мицкоски, соопшти денеска министерот Тимчо Муцунски.
Тој информираше дека до бугарскиот амбасадор бил изразен висок степен на незадоволство поради објавувањето на документот, но дека досега не е добиен официјален одговор.
Станува збор за дипломатска нота испратена од македонската амбасада во Софија до бугарските институции на 6 јануари 2026 година, во која биле наведени детали за престојот на сопругата и синот на премиерот во Пампорово. Документот на 16 јуни беше објавен на социјалните мрежи.
Министерот оцени дека случајот претставува преседан и посочи дека биле објавени лични податоци и безбедносни информации. Муцунски изјави дека, доколку тој бил во таква ситуација, би се извинил за објавувањето на документот, додавајќи дека вакви случаи не се вообичаени ниту меѓу држави кои имаат сериозни меѓусебни спорови.
Премиерот Мицкоски претходно изјави дека сојузниците во НАТО биле информирани за случајот, оценувајќи дека со објавувањето на документот била загрозена безбедноста на неговото семејство.
Текстот Македонија бара објаснување од Софија за протечениот документ за семејството на премиерот е превземен од МАКФАКС.