Силно невреме ги зафати Кочани и Виница, нов бран се приближува кон Гевгелија

Силно невреме вечерва е регистрирано во Кочани, Виница и околните населени места, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Според последните информации во 19:26 часот, невремето е проследено со поројни дождови, грмежи и засилен ветер, а можност за појава на град има и во подрачјата северно од Радовиш.

Од УХМР посочуваат дека нестабилната воздушна маса се движи кон југоисток.

Во меѓувреме, кон Гевгелија осе приближува ново невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Станува збор за продолжение на нестабилното време кое во текот на денот зафати повеќе делови од државата, вклучително и регионите на Штип, Неготино и Демир Капија, каде локално беше регистрирана појава на град и силни електрични празнења.

Текстот Силно невреме ги зафати Кочани и Виница, нов бран се приближува кон Гевгелија е превземен од МАКФАКС.