
Голем успех за Таеквондо клуб Штип на Европското клупско првенство за деца, кое се одржа на 17 јуни во спортската сала „Горан Ченгиќ“ во Сараево, Босна и Херцеговина, каде младиот Максим Арсовски го освои сребрениот медал и уште еднаш го потврди својот голем потенцијал.
Во исклучително силна конкуренција, со 197 пријави и 144 натпреварувачи, Арсовски демонстрираше одлични борби, дисциплина и шампионски карактер на патот до финалето, заслужено закитувајќи се со сребреното одличје.
Од клубот истакнуваат дека овој резултат е плод на неговата посветеност, континуираната работа на тренинзите, како и поддршката од тренерскиот тим и семејството, кои се важен дел од неговиот спортски развој.
Успехот на Максим претставува уште едно големо признание за работата на Таеквондо клуб Штип, кој продолжува да создава млади спортисти способни за врвни резултати на меѓународната сцена. Пред него несомнено стојат уште многу спортски предизвици, медали и нови успеси.