Мотиката остана само кај повозрасните, младите за бавча не сакаат ниту да слушнат – купуваат од продавница

Мотиката останува само во рацете на повозрасните, младите за бавча не сакаат ниту да слушнат. Под жешкото сонце, со пот на челото и крпа околу врат, тие секој ден ги обработуваат своите дворови, садејки домати, пиперки, па дури и краставици. Велат дека не копаат од навика, туку затоа што домашното производство значи здрава и квалитетна храна, но и заштеда од своите пензии. Дополнително велат од производите, на есен прават зимници, со кои ја прекаруваат и зимата. Додека нивните бавчи се уште даваат род, повозрасните се загрижени дека се помалку млади сакаат да го продолжат овој начин на живот.

Возрасните велат дека младите денес не сакаат да фатат мотика и да работат во земја. За нив, полесно е да се купи од продавница, отколку да се помачи човек во бавчата и сам да си произведе.

Ако нема кој да ги сади бавчите во иднина, повозрасните децидни оти домашното производство ќе биде се помало, а земјоделските производи се поскапи. Тогаш, како што велат се ќе зависи од увозот во државата.

Иван Митев, М-Нет