
По вотр пат годинава, Општина Штип распишува јавен повик за доделување стипендии од областа на спортот, како дирекна поддршка на младите и талентирани спортисти во општината. Стипендиите ќе бидат наменети за ученици спортисти, кои активно се натпреваруваат во индивидуалните спортови и ученици спортисти кои се натпреваруваат во екипните спортови. Како што потенцираше советникот Атанас Крстовски, при Општина Штип, ќе бидат сметани резултатите од 1 јануари до 31 декември изминатата година.
,,Општина Штип годинава по втор пат распишува јавен повик за доделување на стипендии од областа на спортот, како дирекна поддрша на младите и талентирани спортисти на Општина Штип. Стипендиите ќе бидат наменети за ученици спортисти, кои активно се натпреваруваат во индивидуалните спортови и ученици спортисти кои се натпреваруваат во екипните спротови. Поточно постигнати резултати од 01.01 до 31.12.2025 година.“, вели Крстовски
Крстовски потенцираше дека според правилникот, предвидени се и 30 проценти од бодовите за доделување стипендии да бидат врз оснона и на постигнатиот успех во образованието.
,,Правилникот предвидува, покрај постигнатите спортски резултати 30 проценти од бодовите кои што се добиваат за доделување стипендии да бидат врз основа на постигнат успех во образованието. Со тоа покрај спортските поттикнување, го потикнуваме и образованието. Имено, спортистот да биде и успешен во образованието. Стипендиите ќе бидат поделени во пет категории и ќе бидат исплатени за 12 месеци.“, додава Крстовски
Како што истакнаа од општината, огласот е објавен на 15 јуни , а ќе трае вкупно десет работни дена и ќе трае заклучно со 26 јуни.
Иван Митев, М-Нет