
За влакно е избегната трагедија пред само неколку дена во каменичкото село Косевица, откако приколка натоварена со дрва од опожарената борова шума се откачила од трактор и удрила во гаража на еден од жителите. Жителите предупредуваат дека прашање на време е кога може да има и повредени, бидејќи низ селото секојдневно минуваат претоварени камиони и трактори тешки и до 35 тони, наместо правилото до 10 тони. Тие бараат итна реакција од надлежните институции.
,,Почнаа да си вршат дотур со беше договорот со маленки тракторчиња, малечок еден камион, кои го имаа, со дозволена носивост на камионот и на дрвата да може да е до 10 тона што може тоа да го издржи самиот пат. Со камионот испадна неккаков проблем, се запали, а тој најде слаба точка повегу населението, почна да си вози со голем камион , кој тежината целосно со дрвата му изнесуваше од 30 до 35 тона. Недај боже, што нема некаква голема сообраќајна несреќа, сега за сега е само до тоа, значи институциите да си превземат мерки, да не дојде до не
сакни последици. Пред три дена се откачи една приколица, среќа што немаше позади кола, а тракторот се влечеше пет шст метри и на еден мој комшија ја удрија гаражата. Среќа што немаше никој пзоади тракторот. Значи ние ќе превземеме порадикални мерки, ќе се сопираме овде, ќе ги блокираме камионите и тракторите и крај на краеви ќе биде најдобро да си најдат алтернатива по црн пат, за да спаднат до магистралниот пат, него да настанат поголеми проблеми.“, вели Здравковки
За случајот со жителите од село Косевица, М-Нет телевизија се обрати до Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека СВР Штип постапува согласно законските надлежности и презема мерки и активности за контрола на учесниците во сообраќајот и почитување на прописите.
„ Ве информираме дека СВР Штип постапува согласно своите законски надлежности и презема мерки и активности во делот на контрола на учесниците во сообраќајот и почитувањето на прописите. По добиени сознанија, пријави или утврдени индиции за евентуално претоварување на товарни возила и други прекршоци, полициските службеници вршат соодветни контроли и постапуваат согласно законските овластувања, вклучително и упатување на возилата на дополнителни проверки и вонреден технички преглед кога се исполнети законските услови. Во однос на мерење на тежината на возилата, контролите се реализираат согласно расположливите технички можности и во координација со надлежните институции кога тоа е потребно.“, велат од МВР
По револтот на жителите, јавно се огласи и градоначалничката на општината Соња Стаменкова, која рече дека нивниот револт е и нејзин, бидејќи како што кажа штетата не ја трпат само жителите, туку и општината. Јавно побара институциите да превземат мерки
,,Ние неколкупати одржувавме состанови за да можеме да се догвориме за начинот на кој штои ќе се превезува дрвната маса и да се почитуваат тие договрои. Револтот на граѓаните е и мој револт. Ги поддржувам бараањата а жителите, бидејки штетата не ја трпат само тие, туку и општината. Тешки товарни возила, сериозно го оштетуваат локалниот пат, а накрај општината е таа која треба да обезбеди средства за санација и тие средства да ги обезбеди од буџетот на граѓаните. Дополнителен проблем е што немаме ефикасен механизам да ја наплатиме таа штета од ние што ја предизивкуваат.”, вели Стаменкова
Градоначалничката Соња Стаменкова, како што подвлече, очекува сите надлежни институции да превземат одгворност, за да се заштити јавниот интерес и општинската инфраструктура.
Иван Митев, М-Нет