
Денеска во Кочани ќе се одржи хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели.
Настанот ќе започне во 19:00 часот во Градскиот парк во Кочани, со цел оддавање почит и поттикнување на хуманоста, љубовта и заедништвото.
Во рамки на програмата ќе се одржи модна ревија во соработка со Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, како и продажба на фустани, при што сите собрани средства ќе бидат донирани за хуманитарни цели.
Средствата ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, како и за помош на семејства од ранливи категории.
Настанот ќе биде збогатен со музичка програма, а организаторите упатуваат повик до граѓаните да присуствуваат и заедно да испратат порака на солидарност, почит и надеж.
Дајана Сандева, М-Нет