Шампионот Вардар пристигна во Италија каде ќе ја темпира формата за новата сезона и европските предизвици

ФОТО: ФК Вардар АД

Македонскиот шампион Вардар пристигна во Италија каде ќе ја темпира формата за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, каде ќе има за цел одбра на титулата, но и за европските предизвици односно квалификациите за Лигата на шампиони.

„Вардарци“ подготовките ги започнаа пред неколку дена, а сега се селат на италијанско тло односно во Норчиа каде ќе се одработи главната фаза од подготовките, а каде и ќе бидат одиграни неколку пријателски натпревари за проверка на подигањето на формата.

Распоредот за Првата лига е познат, Вардар одбраната на титулата ја започнува против штипска Брегалница на домашен терен, а есенскиот дел го затвара на домашен терен против Скопје, во меч од 18. коло.

Александар Ванев, М-Нет