
174 возачи на електрични тротинети се фатени за непрописно возење на ниво на државата – возеле без раце на управувачот, користеле мобилен телефон, се движеле по недозволени сообраќајни површини, а се регистрирани и случаи на возачи кои се придржувале за други возила и влечење и туркање предмети со тротинетот. Меѓу прекршителите имало и малолетници.
174 прекршоци од возачи на електрични тротинети и три прекршоци од возачи на велосипеди. Кај возачите на електрични тротинети најчесто се констатирани прекршоци поради некористење велосипедска патека, велосипедска лента, пешачка патека или друга површина наменета за движење на пешаци (член 103-а став 1) – 63 прекршоци, симнување на рацете од управувачот, придржување за друго возило, превезување, влечење или туркање предмети, како и користење електронски уреди за време на управување (член 103-б став 1) – 17 прекршоци, движење на сообраќајни површини каде што не е дозволено движење со електричен тротинет (член 103-а став 5) – 15 прекршоци и управување од лице кое не наполнило 14 години возраст (член 103-в став 1) – 14 прекршоци. Во рамки на преземените мерки, писмено се опоменати 10 возачи на електрични тротинети. “, велат од МВР
Од министерството соопштуваат дека тие со екипите продолжува со засилени контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот, доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.
Иван Митев, М-Нет