
Штипските матуранти денеска го полагаат вториот задолжителен испит од државната матура – македонски јазик и литература. За 420 средношколци ова е уште еден важен чекор кон добивањето на дипломата и продолжување на образованието. По првиот испит одржан на 6 јуни, денеска тие повторно ги одмеруваат своите знаења според утврдениот распоред. Полагањето се реализира во просториите на УГД Штип на кампус два и четири. Според Снежана Санева, раководител на Секторот за образование, јавни дејности и локален економски развој при Општина Штип, се очекува целиот процес да помине во најдобар ред и без никакви проблеми.
,,На 11 јуни се полага вториот задолжителен испит од државната матура, од некои од видовите на државна матура, а тоа е македонски јазик и литература или пак на еден од јазиците на заедниците ои што живеат на територијата на нашата држава. Треба да кажеме дека во Штип полагаат вкупно 420 матуранти, за некои од трите видови на државна матура, а тоа е државна матура, државна стручна и државна уметничка матура и се надеваме дека се ќе протече во најдобар ред. Полагањето останува со истиот распоред , како и претходниот испит , кој што се одвиваше на 6 јуни во просториите на УГД Штип на капус два и четири.“, кажа Санева
И годинава надлежните очекуваат државната матура да се реализира без проблеми и согласно предвидените процедури. Од Општина Штип велат дека се преземени сите неопходни мерки за полагањето да помине во најдобар ред.
Инаку и денеска вкупно 79 тестатори се ангажирани да го следат и надгледуваат полагањето на државната матура во Штип. Од Општина Штип велат дека сите подготовки се навремено завршени и очекуваат процесот да помине без проблеми.
Иван Митев, М-Нет