Втора лига ќе започне на 15 август, што носи првото коло?

Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе започне на 15 август со мечевите од есенско коло, сезона каде што првиот и вториот ќе имаат директен влез во Прва лига, а третиот ќе игра бараж со осмиот од Прва лига, додека последните три екипи од Втора лига ќе испаднат директно во Трета лига.

Во рамки на првото коло Беласица на домашен терен ќе игра со Осогово, Детонит Плачковица ќе гостува кај ланскиот прволигаш Шкупи, додека пак поранешниот прволигаш Работнички ќе се соочи со Кожуф.

Пелистер кој минатата сезона испадна од Прва лига ќе го пречека новиот второлигаш Камјани, ланскиот прволигаш Брера Струмица ќе игра со новиот второлигаш Еуромилк ГЛ, Охрид ќе игра со Новаци, додека пак Македонија ЃП која минатата сезона испадна од Прва лига ќе игра со Тетекс.

Во рамки на есенскиот дел од сезоната планирано е да се одиграат 13 коло, а последното есенско коло ќе се одигра на 28 ноември, по што ќе следува зимска пауза, а во пролетниот дел ќе бидат одиграни уште 13 коло за комплетирање на сезоната со 26 кола.

Александар Ванев, М-Нет