
Мобилните телефони, тишината помеѓу партнерите и парите се најчестите причини што, според граѓаните, доведуваат до развод кај младите. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најмногу разводи има кај лицата од 35 до 39 години, а најризичен период за бракот е меѓу петтата и деветтата година од заедничкиот живот. Граѓаните велат дека денес на младите сe им е овозможено, од одмори и автомобили, до платени сметки и апарати во домот. Но, и покрај сето тоа, според нив, недостига најважното, љубовта и слогата.
Постарите велат дека порано имало повеќе почит и трпение меѓу партнерите. Кога ќе се појавел проблем, се разговарало, се попуштало и се барало разбирање, наместо веднаш да се носат брзи одлуки.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2025 година се склучени 10 507 бракови, што е за 5.1% помалку во споредба со претходната година. И покрај намалувањето на бројот на бракови, разводите остануваат дел од реалноста во македонските семејства. Најмногу разводи има кај лицата на возраст од 35 до 39 години, а најчесто се случуваат во првите пет до девет години од бракот. Статистиката ја потврдува сликата дека, и покрај современиот начин на живот, стабилноста во бракот останува предизвик за многу парови.
Иван Митев, М-Нет