Во наредниот период ќе се вложува во боречката инфраструктура, Штип е град во кој ќе се развива борењето

Штип е синоним за борењето и мора да биде град во кој ќе се развива борењето, порача првиот човек на градот под Исарот, Иван Јорданов.

Градоначалникот Јорданов истакна дека во наредниот период како локална самоуправа ќе вложуваат во боречката инфраструктура, со цел да се омасови овој спорт кај младите генерации.

„Штип е синоним за борење и мора да биде град во кој ќе се развива борењето. Како локална самоуправа ќе вложиме во наредниот период во боречката инфраструктура за да го омасовиме овој спорт кај младите генерации. Како локална самоуправа исто така ќе продолжиме со вреднување на успесите на младите надежим стипендирајќи ги нивните подвизи, спортски резултати и спортски успеси“, рече градоначалникот на општина Штип.

Штип е град на спортот, град на борењето, а поддршката од локалната самоуправа продолжува и во наредниот период, во делот на спортската инфраструктура, но и во делот на стипендирање на младите спортисти.

Александар Ванев, М-Нет