
Вечерва во малата сала на Домот на културата „Ацо Шопов“ со почеток во 19 часот премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Кирил Донски – витезот од Македонија“. Филмот е во сценарио и режија на Александар Донски и Виктор Донски. Преку архивски материјали, сведоштва и значајни моменти од неговиот живот, публиката ќе има можност да ја проследи богатата кариера на Кирил Донски. Станува збор за личност која оставила длабока трага во македонското општество и еден од најзаслужните граѓани во својата област.
Донски останува еден од најзаслужните граѓани во Штип, тврдат историчарите, додавајќи дека бил партизан, борец, командант на сремскиот фронт, учесник и основач на илегалната организација.
Својата работна кариера Кирил Донски ја завршил во 1987 година како универзитетски професор на економскиот факултет во Штип, а најависокото признание за својата повеќе децениска творечка дејност Дони го добива во 1999, добивајки орден за заслуга од областа на пронаоѓаштвото, прогласен за Витез на пронаоѓаптвото.
Иван Митев, М-Нет