
Автомобил излета од улицата „Панче Караѓозов“ во Штип и заврши превртен во двор од една од куќите на улицата.
Според неофицијални информации од очевидци, возачот се обидел да избегне жена која сакала да ја премине улицата, по што нагло свртел и изгубил контрола над возилото. Автомобилот излетал од коловозот и завршил превртен на кров во дворот од куќата.
Очевидци велат дека возачот и совозачот по несреќата биле пренесени во Клиничката болница во Штип, каде според првичните информации се наоѓаат во добра здравствена состојба.
Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат од надлежните служби.
Иван Митев, М-Нет