
Една студена ноќ беше доволна целосно да ги уништи овоштарниците во селото Лакавица. Земјоделците велат, штетите се стопроцентни, а од родот што им носел дополнителна заработка, годинава нема да остане ништо. Мразот ги „изгорел“ јаболката, сливите, крушите, праските, кајсиите и црешите, а начин за да се спасат насадите, немало истакнаа земјоделците оттаму. Пред задушница тврдат, оти цреша нема ниту зрно да има, годинава ја оценуваат како тешка и слаба. Заработувачка ќе имаат само од летните производи
,,Многу имаме штета, посебно на овошјето. Ниту едно од овошјето нема ништо кај нас, значи тотоално 100 посто уништено, како јаболка, слива, крушна, вишна, јапонска, праска, кајсија, сите овошки. Цреша ниту една нема да има. Нема како да се направи заштита, тоа фати за една ноќ и се изгоре. Тоа беше после први мај.“, велат земјоделците
Според нив, мразот ја погодил само котлината околу Лакавица, додека повисоките села поминале без штети.
Љуботен, Селце, Пухче и Лесковица останале поштедени, бидејќи студениот бран се задржал покрај реката.
,,Не, не тоа никој не може да го обештети, не сме ниту пријавувале. Каде државата може да обештети цела Македонија. Повисокото стои се, само контилната Лакавица е фатена, а инаку горе Љуботен, Селце, Пухче, Лесковица нема штети. Делчево и Берово се е уништено.“, додаваат земјоделците
Слична слика и во Пијанечко-Малешевскиот регион, каде мајскиот мраз целосно ги уништи сливите и крушите, култури од кои живеат многу семејства. Тамошните земјоделци најавуваат дека ќе бараат помош од државата.
Штипските земјоделци, пак, велат дека штетата ја сметаат за природна непогода и не очекуваат обештетување. Но стравуваат дека ова е една од најтешките години за овоштарството во регионот.
Иван Митев, М-Нет