,,Mi60“ е новата песна на хип-хоп групацијата Емигранти од Англија, во нејзе членуваат иселеници и од Штип

Ми-шо е новата песна на хип-хоп групацијата Емигранти, која работи со иселенците од Македонија, кои што живеат и работат низ целиот свет. Оваа групација е единствена, која што во моментот ја обединува миграцијата. Истата обединува артисти, уметници, музичари. Новата песна ми шо е направена по инспирација од балканските фори и изреки на децата кои што некогаш растеа во Македонија. Песната имала промоција на 15 мај годинава во Англија. Поддршкка како што велат од групацијата, засега немаат од никој и сами се борат за да успеат. Во групата членуваат 15 музичари, како и актери и луге од I T. Основач на истата е штипјанецот Влатко Јакимов, кој што има за цел да промовира се што е од македонските простори. Во моментот собираат и средства за Тони Манев, кој што ке трча во Швајцарија 700 км ултра маратон. Една од нивните песни е и ,,Ноќи Долги“, која што останува едно од нивните најсилни и најемотивни дела, со длабока општествена тежина, додека најновиот проект ,,Mi60“ веќе прераснува во вистиски хит. Јакимов, од Ангелија за М-Нет телевизија истакна дека секојдевнот добиваат видеа од луѓе, особено деца, кои ја пеат, ја играат и ја шират песната низ различни земји и континети.

Иван Митев, М-Нет