Заврши реконструкцијата на главниот крак на улицата „Питу Гули“ во Штип, следуваат активности и на споредните краци

Заврши асфалтирањето на главниот крак од улицата „Питу Гули“ во Штип, каде претходно се работеше на промена на водоводната мрежа и уредување на тротоарските површини со павер елементи. Градоначалникот Иван Јорданов посочи дека станува збор за прва фаза од реконструкцијата на улицата, а во наредните денови ќе продолжат активностите на еден од споредните краци. Таму најпрво ќе се врши замена на водоводната мрежа, а веднаш потоа ќе следи и асфалтирање на тој дел од улицата.

,,Се работи на улицата Птиу Гули, се завршува поголем дел од самата активност за денешеното асфалтирање. Овде е предвидено во прва фаза да биде завршено аслфатирањето на делот на кој што претходно се вршеше промена на водоводната линија и третирање на тротоарските површини со павер елементи, а во деновиве кои што следуваат останува да се продолжи со работа и активности на еден крак од улицата Питу Гули за најпрво промена на водводната мрежа, а веднаш потоа и асфалтирање. Вкупната инвестиција за целосната реконструкција на улицата Питу Гули е околу 10 милиони денари, со тоа што ќе продолжат активностите во нарените денови на кракот кои опфќа промена на водоводната линија и понатамошно третирање со асфалтна маса. Сакам да изразам мое извинување до жителите на улицата на која што се превземаа во минатите недели, месеци активностите заради порлонгирањето на работни активности, но не можете секогаш да го испланирате сетоа она што е предвидено како активност, но еве да сублирам се на се, кога се завршуваат активноста и целта која имавме пред нас а тоа е целосна реконструкција на оваа улица мислам дека ќе заокружиме еден позитивен процес, затоа што целнта на Општина Штип е да ги реконструира сите улици кои што е останати и прироитетни.“, кажа Јорданов

„Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, најави продолжување на градежните активности во повеќе делови од општината, со фокус на реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на неколку улици. Тој порача дека работите ќе продолжат и во наредниот период, со цел уредување на улици, тротоари и јавни површини во рамки на градежната сезона.“

,,По завршувањето на оваа улица, тоа кое што е започнато со активност, се работи во нас. Леваци на промена на водовна и канализациона мрежа на неколк улици. Исто ака и таму алеирам до жителите за трпение, затоа што за да може да ги реконструираме застарените водоводни и канализациони мрежи мораме да ја доведе најпрво состојбата на улицата до едно ниво на тампон и земја, така да продолжуваат активнсотите да општина Штип, верувам во капацитетите и во она што го имаме како располагање и очекувам оваа градежна сезона да опфати низ улици, тротоари и јавни површини кои што ке бидат уредени.“, додава Јорданов

Јорданов упати апел до граѓаните за трпение додека траат градежните работи, нагласувајќи дека застарените мрежи мора да се заменат пред целосно уредување на улиците. Тој изрази очекување дека оваа градежна сезона ќе опфати повеќе улици, тротоари и јавни површини во Штип.

Иван Митев, М-Нет