Прес на ОО СДСМ Штип

Нетрпението и недовербата помеѓу вмровските функционери очигледно продолжува и кулминира со смената на директорот на детската градинка Астибо, велат од ОО СДСМ Штип. На денешната прес-конференција, секретарот на организацијата, Галаба Вереса, истакна дека никој досега не понесе одговорност.

„Нетрпението и недовербата помеѓу вмровските функционери очигледно продолжува и кулуминира со смената на директорот на детската градинка Астибо.

Очигледно и самиот градоначалник се сомнева во работењето на кадрите од сопствените редови, особено кога станува збор за финансиски малверзации и сомнителни трошења на народните пари.

Но, едно останува заедничко за сите овие случаи , никој досега не понесе одговорност.“, кажа Вереса

Од ОО СДСМ Штип тврдењата ги изнесоа на прес-конференција одржана пред детската градинка Астибо.

Иван Митев, М-Нет