Утревечер почнува славата на празникот Свети Кирил и Методиј во населбата Баби во Штип, изградбата на црквата се уште во тек

Населбата Баби во Штип утревечер ја отвора вратата на еден од најсветлите денови во годината, посветен на светите сесловенски учители и просветители Кирил и Методиј. Со утринска божествена литургија, кршење славски колач, ручек, но и музика, штипјани ќе се соберат за да го одбележат празникот, кој носи сила, заштита и духовна обновеност. Со голем број донации, помош од Општина Штип и јавните претпријатија, речиси прикрај е фасадата на црквата. На ден пред предвечерието на празникот, тројцата сложни браќа Живко, Мишко и Бошко, кој се дел од црковиот одбор, велат и годинава празникот ќе се одбележи достојно. Крајот на изградбата, велат далеку се гледа, но со Божја помош и разбирање, истакнаа ќе постигнат се, бидејќи слогата златни порти отвора

,,Оваа година имаме голем успех на црквата, која со големо залагање постигнавме до овој степен да ја изградеме . Во недела нека е здравје празникот Свети Кирил и Методиј. Очекуваме посета како што гледате црквата е направена. Голема благодарност на сите кои ни овозможија да ја изградиме црквата до овој степен. Во сабота навечер имаме вечера, кој може секој нека дојде, аво недела имаме музика преку целиот ден.

Мишко Ангелов, вели дека посебна поддршка во изманатиот период, добиле од локалната самоуправа и јавните претпријатија. Велат дека понатаму ќе продолжуваат во внатрешниот дел.

До сега излегуваат во сусрет. Да речеме окосија, рамија го дворот, помагаат со материјалот, oпштината со чело на градоначалникот и јавнте претпријатија. Фала на Господ со нив летаме. Направија ни степеници, крајна благодарност. Уште малку остана, да се завшри фасадата, а потоа внатре.

По завршувањето на надворешниот дел, следува мачкање на внатрешноста, а веднаш потоа и цртање на црквата. Чичко Бошко, кој со години црта со своите вешти раце, вели дека црквата ќе бидем ногу убава, бидејќи е на убаво и свето место.

Инаку, празникот на големо ќе се прослави во недела, а имајќи предвид дека е неработен ден, се очекува голема посетеност, како од градот, така и од околните места.

Иван Митев, М-Нет