Денес Општина Карбинци одбележа 30 години постоење

Денес Општина Карбинци одбележува 30 години од своето постоење. Како што истакна градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов, во изминатите три децении општината прерасна во модерна и успешна локална самоуправа со значајни инвестиции во инфраструктурата, образованието и спортот. По повод јубилејот и празникот Спасовден, градоначалникот упати честитки до сите жители и истакна дека општината е гордост за целиот регион.

„Голема чест и задоволство ми е што ја имам можнодта денес да се обратам пред вас по повод 30 годишнината од основањето на општина Карбинци. Дозволете ми да го честитам најнапред нашиот празник Спасовден и посакам уште многу вакви јубилеј да славиме во нашата општина Карбинци. Да се има општина е привилегија но и голема одговорност, пред точно 30 години идеата, желбата и визијата за иднината се преточи во формирање на општина која денес претставува гордост за сите нас. Институција низ која низ овие 30 години поминаа многу важни одлуки, тешки моменти но и многу позитивни работи кои денес сите нас не прават горди жители на Карбинци. Општина Карбинци има решени прашања со инфраструктурата, реновирани модерни училишта, нова детска градинка, целосно обновена модерна спортска инфраструктура, затворени диви депонии, а општина Карбинци може да се пофали и со и со одлична спортска победа.“- Градоначалник на општина Карбинци

Претседателот на Советот на Општина Карбинци истакна дека младите генерации пораснале слушајќи за тешкотиите и недостигот од основни услови за живот со кои се соочувала општината пред повеќе од 30 години. Денес, како што посочи, Карбинци е општина со развој и стабилни темели врз кои ќе се гради модерна и функционална иднина за новите генерации.

„Јас припаѓам на една помлада граѓани од општина Карбинци, која што порасна слушајќи како нашата општина пред 30 години, па и повеќе од 30 години се соочуваласо недостиг на основните потреби за живот во општината. Денес после 30 години со гордост можеме да кажеме дека општина Карбинци е општина со развој. Пред нас стојат уште многу предизвици и многу работа, но со сигурност можеме да кажеме дека го имаме темелот врз кој што денес можеме да изградеме една модерна и функционална општина за нашите идни генерации.“- Претседател на советот на општина Карбинци

Пред завршувањето на организираниот јубилеј, општина Карбинци додели признание на основачите, поранешните градоначалници, претседтели на совет, спортски клубови, иституции, а признание доби и М Нет Тв

Дајана Сандева, М-Нет