Се уредува недовршениот дел од коритото на реката Отиња во центарот на Штип

Се уредува недовршениот дел од речното корито на реката Отиња во централното градско подрачје на Штип. Станува збор за потег кој со години останал недовршен, а при поројни дождови често се создавале земјени наноси. Градоначалникот Иван Јорданов најави дека уредувањето ќе продолжи и погоре во истото течение, кај локалитетот „Седумте кули“, каде исто така има недовршен дел од коритото. Со зафатите треба целосно да се комплетира уредувањето на реката Отиња низ централното градско подрачје.

,,Се наоѓаме во централното градско подрачје. Денес се работи на уредување на дел од речното корито на река Отиња, кое е останато од времето кога практично започнало уредувањето на коритото на реката Отиња во централното градско подрачје. Ова е потег кој деновиве ќе биде истретиран. Во годините кои изминаа најчесто овде се појавуваше земјени наноси, кои создаваа проблем на речното корито и како потреба и барање, но и заради посоодветен изглед на самиот потег, одлучивме да влеземе со ваков тип на уредување. Но, не само на оваа локација. На локацијата кај познатите седум кули, исто така ќе се работи на уредување на речното корито затоа што и на овој дел е останато недовршено коритото на реката, со што ќе се комплетира целиот дел на реката Отиња, кој се наоѓа во еве да кажам централното градско подрачје, ќе добие посоодветен изглед и посоодветна функција, затоа што ке нема повеќе земјени наноси, кои со годините наназад кога имавме поројни дождови се случуваше да има такви појави.“, вели Јорданов

Активностите за доуредување на речното корито на Отиња ќе се одвиваат и во наредните денови, а за реализација на зафатот општината издвои помалку од еден милион денари. Градоначалникот Иван Јорданов вели дека интервенциите се реализираат по барање на граѓаните и со нив треба да се комплетира проектот кој започнал пред десетина години.

,,Активностите ќе се одвиваат во текот на наредните денови. По барање на жителите на седумте кули и општината, се превземани овие активности. Помалку од 1 милион денари се изводени средства за оваа активност, која општина Штип ја спроведува. Верувам дека на овој начин со дооствелување на речното корито и со уредување на делот кај вливот мегу река Отиња и Брегалница , дека комплетно ќе го завршиме овој проект, кој беше започнат уште пред 10 тина години, но на овие делови не беше завшрен и затоа еве одлуката е во оваа насока.“, додава Јорданов

Од општината очекуваат со уредувањето целосно да се подобри изгледот и функционалноста на речното корито во централното градско подрачје на Штип. Очекувањата се дека ќе се намалат и проблемите со земјени наноси кои со години се појавуваа по обилни врнежи и поројни дождови.

Иван Митев, М-Нет