Целосно завршени работите на ГП Клепало од македонска страна, се чека реализација од Бугарија

Целосно се завршени работите на граничниот премин Клепало од македонска страна, вели министерот за транспорт и врски Александар Николоски, по координација со МВР, Царинската управа и останатите надлежни служби поврзани со функционирањето на преминот. Николоски посочи дека застојот во реализацијата досега бил на бугарска страна. Тој оцени дека поранешниот бугарски министер и вицепремиер Гроздан Караџов успеал да го придвижи проектот. Сега очекувањата се дека со новото раководство во Бугарија ќе продолжи реализацијата на проектот, а целта, како што нагласи министерот Николовски, е конечно поврзување на двете земји преку граничниот премин Клепало.

,,Во однос на Клепало од наша страна целосно се завршени работите. По координација со релевантните институции, МВР, царинската управа и останатите институции кои што се поврзани со граничниот премин. Проблемот беше од бугарска страна. Морам да претходниот министер за траснпорт и вицепремир на Бугарија Гроздан Караџов го задвижи проектот и се надевам дека со новиот министер ќе се дополнително реализира овој проект и ќе можеме да се поврзиме од двете страни.“, рече Николовски

Со отворањето на ГП Клепало се очекува побрза комуникација, олеснет транспорт и поголема економска соработка меѓу обете земји. Граѓаните со години го очекуваа пуштањето во функција на преминот, кој треба да придонесе и за развој на туризмот и регионалното поврзување. Останува во наредниот период и бугарската страна да ги заврши обврските, за проектот конечно да стане реалност.

Иван Митев, М-Нет