Одбојкарското семејство во Македонија можеби е мало, но има големи таленти и секогаш учествува на ЕП

Со посветена и темелна работа во иднина може да има уште поголеми резултати одбојката во Македонија, одбојкарското семејство е мало, но секогаш знае да донесе и покаже големи резултати.

„Мислам дека нема некое драстично пораснување од причина што генерално играчите се тие кои што се ротират во лигата. Но, тоа што можам да го кажам лично јас дека доста тренери го промени начинот на работа. Само работата може да донесе добра прогрес и добри играчи. Јас сметам дека оваа сезона имаше доста засилувања од странство, и ако некои од тренерите не знае да ги тренира сами ќе побараат посебен третман, посебен тренинг. Јас тоа што го работам во овој момент е високо квалитетни тренинзи, тренинзи кои што барем тоа што јас го имам прошетано во лигата не се тренирало или се тренирало делумно, така што многу малку клубови го работат. Но, ако земеме некоја паралела со минатото, во минатото работеле само еден или два клуба на овој принцип сега работат повеќе“, вели тренерот на Штип УГД, Кристиан Ристески.

Како што вели тренерот на одбојкарскиот клуб Штип УГД, Кристиан Риестески, во Македонија има многу млади играчи коишто се истакнуваат и може да бидат носители на играта во иднина.

„Квалитетот имаше еден тампон период пред овој ваучер систем и се уште функционира на друг начин, имаше тампон период кога клубовите се одржуваат колку да опстојува само лигата. Многу мал дел од клубовите работеа на високо темпо. Но, како што е сега овој систем наметнат мислам дека се работи повеќе и поквалитетно. Тој период е многу мал четири до пет години. Ние еден успех и квалитет не може да дојде до израз за толку кратко време. Доаѓа, има нов генерации, работат посветени на одбојката и тренерите, а квалитетот кај играчите доправа доаѓа. Имаме доста млади играчи од останатите клубови, одбојката е мало семејство, но секогаш знаеме на да се појавиме Европско првенство“, вели Ристески.

Во младите треба да се верува, вели Ристески, кој го посочи селекторот на македонската ракометна репрезентација и тренер на Алкалоид, Кирил Лазаров за работата со младите таленти.

„Го дадов пример со Кирил Лазаров, ние не можеме да се мериме со неговото име, со неговиот лик и дело, но неговиот пример е квасичен пример дека во младите треба да се верува и доколку се инвестира во нив ќе има резултати“, рече Ристески.

Ристески со Штип УГД освои три Куп титули една по друга, а за првпат годинава ја освои и шампионската титула за обединување на титулите.

Александар Ванев, М-Нет