
Зелено светло за продажбата на ФК Брегалница денес дадоа и советниците од ОО СДСМ Штип, оценувајќи дека клубот заслужува стабилност, развој и сериозен пристап. Од партијата порачаа дека Брегалница е бренд и гордост на Штип, кој мора да се зачува и унапреди. Трајче Стојчевски oд оваа организација истакна дека нивната советничката група гласала „за“ со цел да се обезбеди подобра иднина за клубот.
„Сакаме јасно да истакнеме дека секогаш ќе го поддржуваме развојот, напредокот и стабилноста на брендот на Штип – ФК Брегалница.
Овој клуб е симбол на градот, гордост на генерации штипјани и институција која заслужува сериозен, одговорен и чесен пристап.
Токму затоа гласавме за.“, кажа Стојчевски
Тие потенцираа дека местото на Брегалница е во Првата лига и најавија дека будно ќе го следат целиот процес, со фокус на интересите на клубот и штипската јавност.
,,Токму заради овие факти, ФК Брегалница не смее да биде жртва на неспособност, импровизации и ПР-политика.
На клубот му треба сериозен и транспарентен пристап, со јасна визија, одговорност и вистинска грижа за неговата иднина.
Местото на Брегалница е во прва лига. Затоа ние како советничка група ќе продолжиме будно да го следиме целиот процес и ќе дејствуваме исклучиво во интерес на клубот, спортските работници и штипската јавност. Брегалница е штипска гордост и така мора да остане.“, додава Стојчевски
Од ОО СДСМ Штип дополнително велат дека секоја одлука и во иднина ќе ја носат исклучиво во интерес на ФК Брегалница и штипската јавнос
Иван Митев, М-Нет