
Познатиот штипјанец и долгогодишен ТВ водител Миро Кацаров е новиот в.д директор на Универзална сала во Скопје. Последните промени во Централниот регистар покажуваат дека од 13 мај тој официјално е назначен за прв човек на оваа јавна установа. Кацаров доаѓа на местото на Горјан Христовски, кој претходно ја извршуваше функцијата директор.
Кацаров, кој со години е препознатливо телевизиско лице, уште од крајот на 2019 година е дел од тимот на Универзална сала, а сега добива и раководна функција, во период кога започнува еден од најзначајните проекти поврзани со објектот – неговата целосна реконструкција.
Кацаров доаѓа на местото на Горјан Христовски, кој претходно ја извршуваше функцијата директор.
Според податоците објавени во Централниот Регистар на Република Северна Македонија, од 13-ти мај Кацаров е вршител на должноста директор во јавната установа, а е назначен од сегашниот Градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Иван Митев, М-Нет