Целосно изгоре патничко возило во карбинско Радање, пожарот жителите го изгаснале


Целосно изгоре патничко возило во карбинското село Радање. Пожарот избувнал во текот на денот, по што на терен интервенирале екипи на ТППЕ Штип со едно противпожарно возило и четворица пожарникари. Пред нивното пристигнување, неколку жители на селото успеале да го изгаснат огнот и да спречат негово проширување. Пожарникарите потоа извршиле догасување и увид на местото. Во пожарот е причинета голема материјална штета, а причините за избувнувањето засега не се познати.

Иван Митев, М-Нет