Зоврива атмосферата во пресрет на утрешното дербито во Штип: Брегалница и Шкендија Арачиново ќе решаваат за Прва лига!

Зоврива атмосферата во пресрет на утрешното големо дерби меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново, кое ќе се одигра на Градскиот стадион во Штип, директна дерби пресметка која ќе го одлучи новиот шампион во Втората македонска фудбалска лига и со тоа ќе се одлучи патникот кој ќе има билет за директен влез во Прва лига.

Верните „Фаланга“ и „Ултра банда“ подготвени да даваат силна поддршка за Брегалница, од нивните грла ќе ечи поддршка за „сините“, а домашните навивачи и домашната публика ќе биде сместена на новата трибина. Од спротивната страна, на старата трибина ќе биде гостинската публика која во Штип ќе дојде да даде силна поддршка на Шкендија Арачиново.

Двете екипи се подготвени и сакаат три бодови, само тоа им е опција, ова ќе биде соочување на Влатко Костов и Берат Имери, останува да видиме кој ќе има подобра тактика на терен.

Ако Брегалница триумфира тогаш веќе ќе може да се подготвува Штип за славје и на 23 мај „сините“ да го подигнат шампионскиот пехар и да го прослават влезот во Прва лига. Од друга страна, Шкендија Арачиново се надева дека ќе може да дојде до позитивен резултат на „женскиот“ терен во Штип.

Двете екипи имаат цврста одбрана предводена од голманите Филип Купанов од Брегалница и Антонио Столевски од Шкендија Арачиново. Двете екипи имаат најдобри напади во лигата, со тоа што Фикрет Љиварека со 12 гола е прв стрелец за тимот од Арачиново, а Костадин Капсаров со 9 гола е прв стрелец за Брегалница.

Дербито меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново следете го во живо на М Нет телевизија, утре од 16 часот.

Александар Ванев, М-Нет