
На 07.09.2020 полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода С.З.(49) од Штип, затоа што во 02.00 часот во семејниот дом во Штип физички го нападнал неговиот 78 годишен татко, а со остар предмет му упатил и закани по животот. За настанот запознат е Јавен обвинител и по комплетирање на случајот против С.З. ќе биде поднесена кривична пријава.