Се вадат кредити за тикет за спортско обложување

Колкав дел од населението уплаќа тикети за спортско обложување? Анкетираните граѓани пред камерите на М-Нет Тв се со поделени ставови. Велат додека едни со часови чекаат „среќа“ зад тикетите, други предупредуваат дека таму најчесто завршуваат оние што немаат работа и бараат лесен излез од сиромаштијата.

„Какво уплаќање спортска, јас тоа цел живот не сум го користил да уплаќам спортска. Не, не е лошо, кој како, некој си ужива во тоа, еве овде ги има, глдеаат, ччекаат цел ден дали нешто ќе се падне да земе, што ќе чекам таму цел ден? Последните пари се трошат, да да. Обично тие што немаат, тие што не работат, а тие што работат тие не сакаат, таму тие не трошат, знае како се заработува. Овие мислат дека нема да работат а пари ќе земат, од тоа ќе живеат, нема од тоа живеачка.“

„Слабо, жената уплаќа, јас воопшто не уплаќам, а ништо не добиваме. Па она стално игра, јас не сум по тоа. Па во неделата еднаш, два пати, кога како, не се паѓа. Па од колку иима, 15, 100 денари, 50 денари, оди вели уплати, јас како курир.“

Анкетираните додаваат дека луѓето кои се навлечени на игрите за среќа се задолжуваат, земаат кредити и повторно се враќаат во обложувалниците, убедени дека следниот тикет ќе им го промени животот.

„Па нека оди кој сака, и стари одат не само млади. Абе и ќе се задолжи, не да е до денар, има даваат кредити.“

„Па не сум имал толку прилика да видам, но прилично влегуваат помладите да играт, има доста.“

Сепак мнозинството изјавија дека пари не треба да се чекаат од напишаниот тикет, туку да се фатат за работа и да заработат некој денар.

Дајана Сандева, М-Нет