Ѓоко Јовиќ и Гоца Тржан со настап на јубелјот 30 години постоење на Општина Карбинци

Општина Карбинци на 21 мај ќе одбележи 30 години од постоењето на Општината, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов. Тој истакна дека православниот празник „Спасовден“ воедно е и патронен празник на Општината, а по тој повод имаат низа на спортски и музички настани.

-Она што е важно е дека овој ден ќе започне од утрото, па ќе заврши се до полноќ, исполнет со повеќе активности. Јас ќе дадам увертира дека, во вчерашниот ден започна програмата во оној спортски дел, со играње на фудбалскиот турнир во мал фудбал по повод празникот „Спасовден“ во село Карбинци, кој што ќе биде на програмата се до одржување на 21 мај. Ќе се одржи и турнир во борење, кое што е во фаза на организација-рече Паунов.

Како што појаснуваат од општината, на самата вечер ќе настапи музичката група Енерџи Бенд со пејачот Ѓоко Јовиќ, а главниот настан е предвиден со познатата Гоца Тржан

,,Ќе настапи музичката група Енерџи бенд, заедно со Гоко Јовик, а потоа главниот настан е предвиден на Гоцa Тржан.” додаваат од Општината

Инаку, како и останатие години, така и оваа година, општината ќе биде домаќин за време на одбележувањето, а претставниците од таму ги поканија заинтересираните граѓани да повелат на празнувањето.

Иван Митев, М-Нет