
На две кола до крајот во Првата футсал лига се е решено и нема ништо интересно, освен што ќе се игра за престиж и што повисок пласман на табелата. Од осмото до четвртото место сите екипи се во игра, бидејќи меѓу нив разликата е три бода, а до крајот остануваат уште шест бодови за освојување.
Како што и претходно анализиравме и во спортски магазин Трибина, потенциравме дека Балкан и Мал Ајакс ќе имаат тешки задачи во 16. коло и дека испаѓаат и математички и тоа и се потврди.
Овие две екипи кои минатата сезона водеа борба за врвот во Втората футсал лига немаа капацитет да го изборат опстанокот и се враќаат експресно назад во Втора лига. Балкан беше дебитантот и по една една сезона ја заврши авантурата во елитата, додека пак Штип останува без прволигашки футсал и од следната сезона ќе биде повторно дел од второлигашкото друштво.
Во рамки на следното 17. коло Шкупи на домашен терен ќе игра против Клими, новиот непоразен шампион Проект ќе гостува во Крива Паланка каде ќе игра против Осогово, додека пак Бутел ќе го пречак Мал Ајакс во меч каде скопскиот тим е голем фаворит за трите бодови во однос на штипскиот. Форца на домашен терен ќе се соочи со „фенерџијата“ Балкан, а пак Јувенту Серава ќе биде домаќин на Кеги Моби.
Александар Ванев, М-Нет