Одбележан Меѓународниот ден на кинескиот јазик во Штип, Марјан Јовчевски посочен како добар пример за соработка со Кина

Денес во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип, беше одбележан Меѓународниот ден на кинескиот јазик, настан што ги собра учениците, наставниците, претставниците од министерството за образование и гостите од Кина во еден убав, заеднички дух. Директорот на училиштето Кокан Радев кажа дека ваквите активности им отвораат нови видици на учениците и им даваат шанса да запознаат поинакви, но многу интересни култури. Во програмата имаше содржини што ја доближија кинеската традиција, јазик и обичаи до младите.

,,Се надевам дека ова ќе отвори за нашите ученици нови хоризонти. Ќе се запознаеме со култура која може би за нас е малку подалечна, но секако сигурно ќе ни биде многу интересна. Ви благодарам на присуството, почестени сме како училиште.“, вели Радев

Амбасадорката на Кина, Џијанг Сјаојан истакна дека годинашното одбележување на Меѓународниот ден на кинескиот јазик се одржува токму во Штип, бидејќи има посебно значење во соработката меѓу двете земји. Таа посочи дека поврзаноста се гледа и преку конкретни проекти и иницијативи што придонесуваат за подобар живот на локалното население.

,,Овогодинешниот настан, по повод меѓународниот ден на кинескиот јазик се одржува специјално во Штип. Град, кој зазема посебно место во соработката помеѓу нашите две земји . Експресниот пат што ги поврзува Миладиновци и Штип, финансиран и изграден од кинеска компанија, значително го скрати времето на патување и значително ја подобри регионалната поврзаност. Многу македонски пријатели го нарекуваат кинескиот пат. Штип е исто така дом на првиот центар на национално ниво за традиционална македонска медицина на балканот и единствен од ваков вид во Македонија, кој повеќе од една деценија обезбедува услуги од областа на традиционалната кинеска медицина за локалното население.“, вели Сјаојан

Амбасадорката Сјаојан го спомена и штипјанецот Марјан Јовчевски, кој долго време се занимава со трговска соработка со Кина и носи кинески производи во многу македонски домови. Таа изрази надеж дека уште повеќе луѓе од Штип ќе учат кинески јазик и ќе ги искористат можностите што ги нуди Кина.

„Мојот пријател Марјан, роден во Штип. Долго време се занимава со трговска соработка со Кина, носејки кинески производи низ илјадници домакинства во Македонија. Искрено се надевам дека уште повеќе пријатели од Штип, ќе учат кинески јаик и ќе ги искористат можностите што ги нуди Кина.“, кажа Сјоан

Сјоан кажа дека на секој ученик по кинески јазик и обожавател на кинеската култура посака жетва на знаење и пријателства, исполнет живот и остварување на нивните соништа. Изрази искрена благодарност до пријатели од сите свери на животот, кои ја поддржуват културната размена помегу обете земји.. Настанот заврши со порака дека ваквите средби се добар начин за зајакнување на пријателството и соработката меѓу двата народа

Иван Митев, М-Нет