Штипјани загрижени за квалитетот на храната која ја јадат, велат полна е со хемикалии

Во Штип расте стравот дека храната што ја јадеме повеќе не е здрава. Штипјани се жалат дека млекото, овошјето и зеленчукот се обработени и полни со пестициди. Тие сметаат дека сè повеќе се консумира фабричка и вештачка храна наместо природна. Според нив, таквата исхрана негативно влијае на здравјето и доведува до разни болести. Особено загрижува тоа што младите не внимаваат доволно на својата исхрана и здравје, па како што велат анкетираните, се забележуваат заболувања и хормонални пореметувања.

„Она е повеќе обработена одколку што треба да е здрава храната за јадење. Влијае, нездраво се хранат, сендвичи скоро секој ден, тоа од невнимание. Болест се покажува, на црниот дроб се покажува замастување. Младината не внимава на себе.“

„Немам појма, ама сигурно не јадеме здрава храна. 100%, го прскаат, сигурно го прскаат.“

Жителите на Штип велат дека денешната храна е далеку од природната и дека речиси се е третирано со хемикалии. Тие посочуваат дека недовербата расте, бидејќи се верува дека производите се прскани и вештачки произведени, што отвора страв од долгорочни здравствени последици.

„Обработувана, сигурно обработувана. Не, па не е убаво, се треба убаво да се измие бидејќи е полно со пестициди. И млекото не е добро, мислам дека вештачки го прават со прашок.“

„Се е фабрички, 80/90 посто, нема природно, се е со хемакилии, пестициди.“

„Сега баш е вештачка храната. Па, лошо, лошо влијае. Не е таа природна храна што беше едно време, сега е многу изменето, се е вештачко сега. Па и болести, многу е лошо.“

Повозрасните посочуваат, младите да внимаваат што консумираат, бидејќи како што велат тие, храната може да остави долгорочни здравствени последици.

Дајана Сандева, М-Нет