
Стерилизацијата и кастрацијата се еден од најважните фактори за подолг и поквалитетен живот на домашните миленици, истакнува Др Ветеринар Методи Бреслиски. Тој препорачува кучињата и мачките да се стерилизираат по шестиот месец, кога ја достигнуваат соодветната возраст за интервенцијата. Според него, со оваа постапка се намалува ризикот од несакана бременост и појава на повеќе сериозни заболувања. Особено се посочува заштитата од тумори, вклучително и рак на млечните жлезди кај кучињата и мачките
„Значи тоа е еден од факторот кој што им обезбедува подолг и поквалитетен живот на домашните љубимци.Би им препорачал на сите они луѓе кој што чуваат дома кучиња или мачиња редовно да ги стерлизираат штом наполнат 6 месеци, тоа е периодот каде што треба да ја имаат возраста за да се изврши стерилизацијата и кастрацијата на домашните животни, бидејќи пред се ги заштитува од појава на одредени болести како и не сакана бременост и појава на рак кој што многу често може да се јави кај млечните жлезди кај кучињата и кај мачките. Зависно од големината од големината, од тежината на миленикот, секогаш самата работа не е иста бидејќи кај оние миленици кој што се со поголема тежина е потребно поголема количина на анестезија, додека кај оние што се помали, помала количина на анестезија, се е изндивидуално. Цените се движат некаде од 2800 денари па нагоре, значи зависи од големината на миленикот.“- вели Доктор Ветеринар Методи Бреслиски
Доктор Методи Бреслиски објаснува дека самата интервенција зависи од големината и тежината на миленикот, па затоа не е иста за сите животни. Кај поголемите миленици се користи поголема количина на анестезија, додека кај помалите таа е значително помала, што ја прави постапката индивидуално прилагодена. Тој додава дека и цената се движи од околу 2800 денари па нагоре, во зависност од овие фактори.
Доктор Бреслиски апелира дека превенцијата е секогаш подобра од лекувањето, и дека со вакви постапки се подобрува квалитетот на живот на животните.
Дајана Сандева, М-Нет