
Значително намален бројот на родени деца во Макеонија, тврди министерката за образование и наука Весна Јаневска, потенцирајќи дека се превземаат мерки за да се промени ситуацијата. На денешната прес конференција, таа кажа дека како резултат на политиките кои што ги спроведува оваа влада, иселеници почнаа да се враќат во Македонија и дека преливот на иселеници повеќе не е голем. Цврсто потенцираше дека секаде каде што ќе има доволен број на деца, ќе се овозможи едносменска настава.
,,Кажуваме дека бројот со деца родени во Македонија е значително намален и превземаме мерки за да го поправиме тоа. Jaс ќе ве потсетам дека многу пати се обраќавме на претходната власт, кога тие редеа чевлни пред Влада и не превземаа ништо седум години додека беа, дека тоа не е правото решение и дека нешто треба да се превземе. Еве ние го правиме ова. Секаде каде што ќе има доволен број деца, ќе им овозможиме едносменска настава. Дополнително тие ништо не направија, кои што им редеа чевли, да им ги вратат, но ние како што веќе знаете, како што гледате во статистиката веќе имаме прилив на иселеници, тој не е голем, но луѓе почнаа да се враќаат во Македонија. Тоа е резултат на политиките кои што ги спроведува оваа влада.“, вели Јаневска
Процесот на запирање на иселувањето, според надлежните, нема да даде резултати преку ноќ. Фокусот е ставен на задржување на младите преку подобрување на условите за образование и вработување во земјата, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска.
,,Значи ситуацијата се менува, тоа е процес и не може да се промени од денес до утре. Ние она што сме го кажале дека ќе го правиме за да ги задржиме малдите и да им овозможиме услови во кои ти би останале, тоа и го правиме, вклучително и она што го спомнавме законот за високо образование. Да останат во оваа земја, да студираат во оваа земја, да се вработат овде, а не да го бараат чарето некаде во странство.“, додава Јаневска
Процесот, како што посочува Владата, ќе трае, но целта е младите да останат и да ја градат својата иднина во земјата. Надлежните велат дека мерките во образованието и високото образование се насочени кон создавање услови за учење и вработување дома, наместо заминување во странство.
Иван Митев, М-Нет