
Ако продолжи ваквото функционирање, ќе ги изгубиме младите, предупреди денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека илјадници студенти заминуваат да студираат на универзитети во регионот. Како одговор на овој предизвик, Владата го подготвува новиот пакет закони од областа на високото образование и науката, кој е во владина процедура. Премиерот нагласи дека реформите носат нова законска рамка насочена кон квалитет, меритократија и поголема поврзаност со пазарот на трудот. Порача дека без системски пристап нема напредок и дека мора да се стави крај на импровизациите.
,,Водевме широка дебата, ги слушнавме сите универзитети, експертите, студентите. Ова е заедничко решение и токму затоа верувам дека ќе даде резулати на крајот сакам да им се заблагодарам на сите кои што дадоа придонес, академската заедницата, универзтиетите. Mислам дека треба да престанеме со експерименти и да почнеме со системски решенија. Како генерација мора да сме свесни дека ако продолжиме на овој начин да функциопнираме ќе ги изгубиме младите и да не се чудиме зошто илјадници наши млади, студираат на универзитетите во регионот. Мора да понудиме квалитет ако сакаме да имаме генерации, кои што утре ќе ја водат оваа држава. Со импровизирање или решенија кој што се креирани само за една мала група на луѓе не можеме да одиме напред. Или ќе ја работиме работата како што треба или подобро воопшто да не ја работиме, да ставиме клуч и да знаеме дека државата нема иднина. Но, јас ќе се борам се додека сум претседател на владата, оваа држава да има многу поголема иднина.“, вели Мицкоски
Министерката Јаневска порача дека во образованието досега имало политика, што влијаело на состојбата во системот. Таа додаде дека новиот модел е насочен младите да останат во земјата и да стекнат вештини за полесно да се вклучат на пазарот на трудот.
,,Во образованието, академијата, нема политка, односно досега имало и затоа се наоѓаме на овој степен на образование на сите нивоа, а сега ние нудиме нов модел. Модел кој вели ова е поважно од се друго, младие да останат во земјата, да имаат вештени и компетенции, да излезат на пазарот на трудот. Да работата за себе а потоа и за сопствената земја.“; додава Јаневска
Со оглед на тоа дека Владата и академската заедница имаат консензус за квалитетот и добробитот на овој закон, очекувањата се дека сето ова треба да завшри во многу краток период.
Иван Митев, М-Нет