Иванов: Се прекинуваат анализи во ИЈЗ Штип, Горгиев: Информациите не се точни

Денес Павел Иванов, претседателот на ОО СДСМ Штип на преснонференција изрази сериозна загриженост и револт како резултат на службениот допис кој е доставен до вработените во Центарот за Јавното здравје-Штип, преку кој, како што тврди Павел Иванов, претседател на ОО СДСМ Штип, се ограничува или целосно се прекинува извршувањето на одредени лабораториски анализи. Иванов тврди и дека овој проблем ги засега над 200 000 граѓани од источниот регион кој имаат потреба од услуги.

„ Како е можно во 21ви век да се прекинуваат анализи како CRP, тироидни хормони, тумор маркери или тестови за брисови за нос и грло? Ова се основни дијагностички алатки без кои не може да се води соодветна медицинска грижа. Дополнително, фактот дека се наведува „ограничен капацитет“ за микробиолошки испитувања е крајно алармантен. Ова значи дека пациентите ќе чекаат подолго, ќе се дијагностицираат подоцна и дека ќе се лекуваат со задоцнување ,што директно влијае врз нивното здравје. Особено загрижува препораката да не се испраќаат пациенти без „јасна медицинска индикација“. Кој ќе ја дефинира таа граница? Бараме одговорност од менаџментот на Центарот за јавно здравје поради пропусти и несоодветно раководење на овој центар кој е значаен по здравјето на граѓаните.“- Павел Иванов, претседател на ОО СДСМ Штип

На ваквите обвинувања директорот на институтот за Јавно здравје во Штип, Бранко Горгиев во писмено соопштение истакна дека информациите не се точни и само создаваат неоснована загриженост кај граѓаните. Горгиев тврди дека во ниту еден момент не станувало збор за прекинување на услугите, туку за нивно поефикасно и одговорно користење.

„Средбата со матичните лекари беше организирана со единствена цел – да се укаже на потребата од рационално користење на лабораториските ресурси и да се даде приоритет на пациентите кај кои анализите се навистина неопходни. Во ниту еден момент не станува збор за прекинуване на лабораториски услуги, туку за нивно поефикасно и одговорно користење. Фактите говорат противно на изнесените тврдења. Бројот на извршени анализи континуирано расте и само во првото тромесече во 2026 година – 16.963 анализи

Овие податоци jaсно покажуваат дека капацитетот на установата не се намалува, туку напротив – се зголемува и се унапредува. Во однос на анализите за тироидни хормони и тумор маркери, сакаме да појасниме дека Центарот за Јавно здравје располага со микробиолошка лабораторија и согласно својата дејност не е обврзан да ги извршува овие анализи. Истите се реализираат како дополнителна поддршка на Клиничката болница Штип и Здравствениот дом, во рамки на соработка помеѓу институциите. “- Истакна Горгиев и дополни дека поцвеќе не се доцни со примањето на метријали за анализа

Дајана Сандева, М-Нет