
Цените на вештачките ѓубрива се во пораст, па државата веќе почна да ги проверува увозниците. Министерствата за земјоделство и економија прават скрининг за да утврдат по која цена е увезена стоката и колкави маржи се ставени. Министерот Цветан Трипуновски најави дека утре ќе има состанок со увозниците, каде ќе се разгледаат податоците од терен. Врз основа на тоа, се очекува да се донесат конкретни мерки за да се спречи ценовен шок. Во однос на субвенциите, исплатата продолжува, а дел од апликациите сè уште се во дополнителна контрола.
Инаку, по утрешниот состанок, ќе се знае кои се конкретните мерки и како ќе се делува во делот на евнтуалното превенирање на ценовиот шок со вештачките губрва.
Иван Митев, М-Нет