Вардар донесе египетска надеж: Мохаб Абделхак ново засилување на „црвено-црните“


РК Вардар продолжува со засилувањата за претстојните предизвици, ангажирајќи го младиот египетски репрезентативец Мохаб Абделхак. Станува збор за перспективен десен бек, леворак ракометар со современ профил, кој и покрај младата возраст веќе има богато меѓународно искуство.
Абделхак, роден на 2003 година во Каиро, доаѓа во Скопје од редовите на германскиот гигант Кил. Претходно настапуваше и за славниот египетски клуб Ал Ахли, како и за француски Ним, каде што дополнително го изгради својот ракометен потенцијал.
Со неговото доаѓање, Вардар добива играч со силен шут, брзина и искуство од настапи во врвни европски лиги. Воедно, „црвено-црните“ ја зголемуваат конкуренцијата во ростерот и добиваат важна опција на позицијата десен бек.
„Овој трансфер во Вардар претставува огромен чекор напред во мојата кариера и горд сум што доаѓам во клуб со толку силна историја и амбиција. Возбуден сум што ќе ја развивам својата игра, да се натпреварувам на повисоко ниво и да го дадам максимумот за тимот“, изјави Абделхак.