Враќањето на македонците од странство не се должи само за поевтини цени, туку за топлината, семејството и чувството дека тука припаѓаат, велат штипјани

Зошто македонците кои веќе живеат во странство, за празниците се враќаат во родните места? Штипјани велат дека македонците кои живеат во странство доваѓаат во Македонија затоа што услугите се поевтини, а често и поквалитетни отколку во странство. Анкетираните истакнуваат дека фризерските, козметичките и стоматолошките услуги тука се подостапни и не удираат толку по џебот. Дополнително, многумина се враќаат за празници бидејќи тука им се семејствата и родното место, па атмосферата е поубава. За дел од нив, доаѓањето е и можност да се види нешто поразлично и да се избега од секојдневието.

„Слушајте да ви кажам, од тука нема поубаво. Тука е ем поевтни ем поубаво. Таму е многу скапо, чисто за тоа доваѓаат, и услугата, оваа услуга што ја има тука, мислам дека таму ја нема, можеби и ја има но многу поскапо, по џебпт ќе им удри. Затоа доваѓаат.“

„Тие си знаат, да ти кажам право. Имаат родители, имаат мајка, татко.“

„Епа тука им е поубаво, тука им е поубаво, тука им е родното место, тука им е поубаво да си ги видат родителите. Мојте беа тука и тука се поубаво прославува Велигден, тоа е тоа.“

Граѓаните посочуваат дека доваѓањето во Македонија не е причинето само од цените, туку и од лични причини како семејството и чувството на припадност.

„Секоја промена е интересна, секој сака да виде странско, да виде од подалеку. Бидејќи се кога си на едно место е досадно. Тоа е ако има кај кого да дојде, и останувајки тука како гостин, тогаш може да прави фризура, а за една фризура, тоа е луксуз. Не верувам дека е вистина така само за една фризура.“

„Епа ќе дојдат, како, родители сме, децата ќе си дојдат тука. Цените и на страна е толку и во Македонија е толку, само платата кај нас е помала или пензијата, а таму јадењето дури и поевтино е. Подобри се мајсторите за фризура тука, не е проблем, каде има евтино, таму си одеме. Ќе дојде уште малку први и пак пензија ќе си земем, нема проблем.“

Севкупно, комбинацијата од пониски цени, добра услуга и семејна поврзаност е главната причина за ваквите посети. Меѓутоа, без разлика на причините, анкетираните велат дека се среќни за нивните посети.

Дајана Сандева, М-Нет