
Со замрзнат евтин леб, малку месо и , штипјани се справуваат со високите цени во маркетите. Домати и пиперки, ниту во сон, оти цените се високи до плафон. Велат, цените после воениот конфликт не се исти, па принудени се да се снаоѓаат како знаат самите. Децидни се тие, колку и да се штеди, ситуацијата е таква каква што е.
Но, покрај што треба да се мисли за јадење, треба да се најде решение да се платат и сметки за струја, вода и телфон. Ако на ова се додадат и останатите давачки за лекови и терапии, тогаш ситуацијата е повеќе тешка.
Согласно ситуацијата, премиерот Мицкоски, денеска почи дека влада ја следи ситуацијата и дека многу скоро ќе излезе со решение. Можни се и мерки, доколку во одредени маркети трговците мудруваат со цените.
Иван Митев, М-Нет